Годишното изборно собрание на Сојузот на спортови Охрид ќе се одржи на 15 декември

Се известуваат сите членки на Сојуз на спортови Охрид дека на 15 декември (вторник) во просториите на Општина Охрид (голема сала) со почеток од 18:00 часот ќе се одржи годишно изборно собрание на Сојуз на спортови Охрид.

За таа цел, се информираат сите членки на Сојузот на спортови Охрид да делегираат по двајца делегати во писмена форма заверени со печат од матичните здруженија и клубови.

Сите полномошна за делегати на собранието може да се достават во писмена форма во просториите на Сојузот на спортови Охрид во ПРОСТОРИИТЕ НА СТАР ГРАНИТ – Кеј Македонија бб., или да се достават 30 минути пред почетокот на собранието. Само уредно овластени делегати со полномошно ќе имаат право на глас.

Сите заинтересирани клубови и спортски здруженија кои немат регулирано статус на редовна членка на Сојуз на спортови Охрид тоа можат да го сторат до 12 декември во просториите на Сојуз на спортови.

Потребни документи:

1. Решение за дејност спорт

2. Решение за регистрација

3. Одлука за овластено лице

За сите дополнителни информации може да се информирате во просториите на Сојузот на спортови Охрид и кај техничкиот секретар на Сојузот – Радован Поповски телефон 075/951 777.