ЈП „Охридски Комуналец“ го одбележа „Денот на дрвото“ со засадување на украсни садници на три локации.
Првата локација беше на влезот од градот каде беа засадени 50 дрва од сортата „Софора” (Јапонски Багрем), украсно цветно дрво. Втората локација на која садеа вработените на ЈП „Охридски Комуналец“ и вработените од „Капетанија“ – Охрид беше потегот од „Билјанини извори“ до Хотел „Славија” помеѓу двете коловозни ленти. На овој дел пеа засадени 120 дрва од сортата „Аризонски Чемпрес”. Третата локација каде беа засадени 50 дрва од сортата „Каталпа” беше потегот од мостот према Хотел „Парк” од левата страна на новата патека.