Спортски натпревари во чест на патрониот празник – традиција во ОУ „Св.Климент Охридски“

Во пресрет на Патрониот празник, ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид организира разновидни активности во текот на целата седмица. Меѓу нив најомилени на учениците се спортските натпревари во шах и пинг-понг, кои претставуваат доглогодишна традиција на оваа училиште и привлекуваат голем број ученици.

Во натпреварите во пинг-понг учествуваа над 50 ученици. Од нив првите три места во машка конкуренција освоија: Теодор Тасевски (I место), Никола Спиркоски (II место) и Ѓорѓи Димоски (III место). Од девојчињата најуспешни беа Мила Тренеска (I место), Александра Пендоска (II место) и Симона Бошкоска (III место).

Натпреварите во шах, за кој се вели дека е ментална гимнастика, се исто така популарни меѓу учениците од оваа училиште. Најдобрите во машка конкуренција се: Никола Спиркоски (I место), Михаил Жилески (II место) и Климент Нанески (III место). Во женска конкуренција за првите три места се изборија: Симона Бошкоска (I место), Снежана Змејкоска (II место) и Викторија Змејкоска (III место).

Сите овие ученици ќе бидат наградени со соодветни подароци на 7-ми Декември 18:30 на свечeната приредба која ќе се одржи во Центарот на култура „Григор Прличев“ Охрид во чест на Патрониот празник на училиштето.

ping pong