Скок од три места за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа

Најлошото помина. Благодарение на победата од 4:1 на пријателскиот натпревар на Македонија против Црна Гора, Македонија конечно забележува скок на ФИФА рејтинг листа. Скокот можеше да биде и поголем, но поразот од Либан си го направи своето.

Фудбалската репрезентација на Македонија, на најновата листа забележа скок од +3 места и моментално се наоѓа на 136 место.

На врвот од ФИФА рејтинг листата останува Белгија, а промени има на второто место каде се искачи Аргентина и Шпанија на третото место.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Либија, со скок од +32 места се најде на 81 место, додека пак најголем пад од -21 место има репрезентацијата на Либерија која се најде на 107 место.

WebOhrid