Утре ќе биде преосветена црквата „Свети Пантелејмон“ во село Велгошти, и ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Амфилохиј Икониски“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј.
Богослужба ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.