Одредени полуфиналните двојки од фудбалскиот Куп на Македонија

Минатогодишниот освојувач на Купот на Македонија, Работнички за противник во полуфиналето од најмасовното фудбалско натпреварување ја доби екипата на Брегалница. Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Хоризонт Турново и Шкендија.

Брегалница – Работнички

Хоризонт Турново – Шкендија

Првите полуфинални натпревари ќе се одиграат на 2 март 2016 со почеток од 14:00 часот, а реваншите се закажани за 13 април 2016 од 16:00 часот.