Ќе се избира најуспешен спортист во Охрид за 2015 година

ИЗБОР НА НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ ЗА 2015 ГОДИНА

КАТЕГОРИИ:
– Најуспешен спортист – поединечно,
– Најуспешен млад спортист – подинечно, машки и женски,
– Најперспективен млад спортист – поединечно, машки и женски,
– Најуспешна спортска екипа,
– Најуспешен спортски тренер,
– Најуспешен спортски работник,
Признанија за животно дело, најмасовен клуб, фер плеј, спортски презентер и сл.

СЕ ПОВИКУВААТ:
– Сите членови на Сојузот на спортови Охрид,
– Сите спортски екипи кои делуваат на територијата на Охрид,
– Сите спортски работници и поединци,
– Сите спортски новинари,
– и други заинтересирани.

ДА ДОСТАВАТ СВОИ АПЛИКАЦИИ – ПРЕДЛОЗИ ЗА ОБЈЕКТИВНО, УСПЕШНО И ТРАНСПАРЕНТНО ОДВИВАЊЕ НА ОВАА АКЦИЈА.

СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ КОИ НЕ СЕ ЧЛЕНКИ НА СОЈУЗОТ НА СПОРТОВИ ОХРИД ПРИ АПЛИЦИРАЊЕТО ДА ПОДНЕСАТ ПРИЈАВА ЗА ЧЛЕНСТВО

Изборот на најдобрите ќе го изврши комисија, избрана од Управниот одбор на Сојузот на спортови Охрид. Таа ќе е составена од познати спортски активисти, спортски новинари и членови на Сојузот на спортови Охрид.

Критериумите се строго пропишани согласно статутот на Сојузот на спортови Охрид, каде се предвидени апликантите да ги исполнуваат следните критериуми:
– Да поседува решение од Централен регистер на РМ,
– Да поседува решение од Агенцијата за млади и спорт на РМ,
– Да достават диплома или признание од локално ниво, државно, балканско, европски и светско натпреварување,
– Секој апликант треба да настапува за Охрид и да членува во охридски клуб.

Сите апликации да се поткрепат со извештај од спортскиот натпревар каде е постигнат успехот и извештај од федерацијата во која е зачленет клубот, со соодветни споредбени резултати на домашно, балканско, европско или светско ниво. Посебно ќе се ценат додатни прилози, како објави во штамани и електронски медиуми, известување од натпреварот на официјалната интернет страница на организаторот, извештаи и табели од официјални интернет страници на домашни, балкански, европски и светски федерациите или сојузи и сл. Во прилог да се достави кратка биографија.

АПЛИКАЦИИТЕ НА СПОРТИСТИТЕ – КЛУБОВИТЕ ДА СЕ ДОСТАВАТ НАЈКАСНО ДО 21.12.2015 ГОДИНА

Контакт:
– на електронската адреса sojuznasportoviohrid@yahoo.com
– во просториите на кајак кану клубот Стрмец- Охрид, во бараките на поранешен Гранит на крај од кејот после Хотел Гарден
– Претседател на Сојузот на спортови Охрид, Коста Карадимче, тел 070/249-507
– Подпредседател на Сојузот на спортови Охрид, Цветко Чолески, тел. 075/393-866
– Техничкиот секретар на Сојузот на спортови Охрид, Радован Попоски, тел. 075/951-777
Планиран термин за церемонијата на прогласување на најдобрите, е 26 декември 2015г. (сабота) во 12 часот во големата сала на Општина Охрид.