Груевски го посети Меморијалниот центар на холокаустот во Ерусалим

Премиерот Никола Груевски во рамки на посетата на Израел положи цвеќе во Меморијалниот центар на жртвите од холокаустот „Јад Васхем“ во Ерусалим.

Овој Меморијален центар е најголемиот во Израел и е дел од воспоставената пракса на Израел при официјалните посети на државници од странство.