Охриѓанка заработи кривична пријава поради затајување

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Е.В.(27) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Пријавената, во периодот од 01.07.2015 до 30.10.2015 година, вработена како касиер во маркет во Струга при наплата на артикли не издавала фискални сметки и ги бришела-сторнирала продадените артикли, со што противправно се стекнала со износ од 300.000 денари.