Во текот на вчерашниот ден издадени 5.255 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 11.12.2015 издадени се потврди на вкупно 5.255 странски државјани, од кои 2.407 се од машки пол, 1.371 се од женски, 1.432 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 45 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-3.070, Ирак-1.280, Авганистан–905.

Во периодот од 19.06.2015 до 11.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 330.798 странски државјани, од кои, 185.406 се од машки пол, 53.700 се од женски, 73.864 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.828 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-191.431 потоа Авганистан-79.968, Ирак-37.958, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 11.12.2015 до Секторот за азил не е поднесено барањеза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 11.12.2015 година до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.