Нова победа за АВ Охрид

Екипата на АВ Охрид забележа уште една нова победа, осма по ред во Втората машка кошаркарска лига. Синоќа во Спортската сала „Билјанини Извори“, АВ Охрид со високи 101:75 го победи тимот на Шкупи.

По оваа победа, АВ Охрид се зацврсти на првото место од табелата со 16 бодови, пред Вардар и Пелистер кои имаат по 14 бодови.

WebOhrid