Победа за Охрид 2013 против Радовиш

Охрид 2013 веќе го заборави поразот од Металург од пред три дена и повторно им се враќа на победите. Во Спортската сала „Билјанини Извори“ Охрид 2013 вечерва играше против Радовиш во 13 коло од ВИП ракометната лига.

Охриѓани одиграа одличен натпревар и убедливо со 35-26 (полувреме 20-13) го совладаа тимот на Радовиш.

По комплетирањето на 13-то коло од ВИП Суперлигата, Охрид 2013 се наоѓа на второто место со 30 бодови. Лидер на табелата е супериорниот Металург кој има 39 бодови и сеуште е без пораз.

WebOhrid