Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 3,30%.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети, односно се на исто ниво утврдени со Одлуката од 30.11.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 малопродажната цена изнесува 64,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 30.11.2015 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 46,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 35,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,514 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 30.11.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 17,743 ден/кг.