Крводарителска акција во ФТУ Охрид

Црвен крст Охрид го заокружува ангажманот во крводарителството за оваа година, со организирање на редовна крводарителска акција на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид која ќе се реализира, утре (вторник) од 10-14 ч. во ФТУ.

Се покануваат студентите на двата факултети во Охрид, но и сите хумани охриѓани кои сакаат да издвојат 5 минути за да даруваат крв и спасат човечки живот, да учествуваат на крводарителската акција.