Се продолжува рокот за легализација на дивоградбите

Сите охриѓани кои имаат бесправно изградени објекти а кои досега не направиле легализација и не поднеле барање во првиот рок,имаат можност да поднесат барања за легализација до 31 март 2016 година, а геодетски елаборати може да поднесат до крајот на идната година.За ново поднесените барања рокот за поднесување на геодетски елаборати е крајот на 2017 година.

Пролонгираните рокови за поднесување барања и геодетски елаборати за легализација на дивоградби е согласно последните измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти со цел да се излезе во пресрет на граѓаните кои имаат дивоградби.

Согласно законските измени барање за легализација можат да поднесат граѓаните чија дивоградба е изградена до 3 март 2011 година.