Во текот на изминатата ноќ во период од 22.00часот до 02.00 часот Рибочуварската служба на Здружението на спортски риболовци „Таш Ма“ 2011 при вршење контрола на потегот кај с.Глобочица во водите на Глобочичко Езеро, благодарение на својата најнова опрема за ноќно снимање и при заедничка контрола на ЗСР Таш Ма 2011 и Овластени претставници од Државниот инспекторат за земјоделие затекнати се недозволен риболовен алат во должина од 1850метри од кои 850метри беа рибарски мрежи за лов на клен, карас скобус и друга ситна риба, а 1000метри беа за лов на крап.
Дел од алатот се стоечки дел летечи-ловечки мрежи. Во истите мрежи затекнати се 7kg мало мерен клен, 14 парчиња мало мерен крап.
Целокупниот алат и рибите се предадени на ДИЗ – Охрид кои понатаму во соработка со СВР – Охрид ќе ги преземе сите неопходни мерки за пронаоѓање на сторителите на ова дело.
Контролата на рибочуварската служба на ЗСР Таш Ма 2011, ДИЗ – Охрид и СВР – Охрид ќе бидат зајакнати во претсојнипт период.
Против сите сторители на недозволен риболов ќе бидат преземени соодветни санкции.