Лајонс клубот „Десарети” со донација за ОУ „Братство Единство”

Лајонс клубот „Десарети” денеска донираше нагледни средства за учениците со посебни образовни потреби во ОУ „Братство Единство”.

„Благодарни сме за донацијата од Лајонс клубот „Десарети”, со кои имаме долгододишна соработка. Нагледните средства во голема мера ќе ја олеснат работа со учениците со посебни образовни потреби”– информираат од училиштето.