Чекориме за безбеден сообраќај

Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот во рамки на завршните активности од 2015 година на 17.12.2015 година ја реализираше акцијата „Чекориме за безбеден сообраќај“.

За таа цел најмладите од градинките, ученици од основните и средни училишта, претставници од локалната самоуправа и бројни граѓани одржаа дефиле низ градските улици испраќајќи пораки за побезбеден сообраќај. Најмладите но и сите останати на овој начин упатија апел до сите учесници во сообраќајот како треба да се грижиме во иднина и да го подигнеме степенот на безбедност. Оваа манифестација практично значи апел до сите учесници во сообраќајот-возачите на патнички и товарни возила, велосипедистите,пешаците да внимаваат на својата,но и на безбедноста на сите други учесници, за да се намали бројот на случени сообраќајни незгоди.

gr_3

Целта на оваа манифестација е да се воспитуваат децата уште од најмали нозе како да се грижат за сопствената безбедност и здравје. Во рамки на манифестацијата во Центарот за култура, се одржа и пригодна програма при што децата преку музика и игра ја пратија пораката до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и да ја зголемат сопствената безбедност и безбедноста на останатите.

gr_6