Новогодишна приредба во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

По повод Новогодишните празници во Основното училиште „Живко Чинго“, Велгошти денес се организираше новогодишна приредба збогатена со богата културно-уметничка програма. Учениците со нивните настапи ги израдуваа, ги насмеаа и ги забавуваа своите родители, баби и дедовци.

„Учениците од нашето училиште имаат посебен уметнички сенс и афинитет, кој само треба да се насочи и канализира, ние како училиште тоа го постигнуваме преку работа во секции во предметна настава и откривање и работа со таленти во одделенска настава“, – вели директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски.

На крајот од Новогодишната програма на радост на најмалите-првооделенчињата им се поделија пакетчиња, како и на дечињата од градинката при ОУ„Живко Чинго“, донација од Црковниот одбор од село Велгошти.

WebOhrid