Охрид и Воден повторно заеднички ќе аплицираат пред Европските фондови

Охрид и Воден од Грција повторно ќе аплицираат со заеднички проект за користење средства од европските фондови, наменети за прекугранична соработка. Ова беше договорено на денешната средба на градоначаалникот Никола Бакрачески и Димитриос Гианои градоначалник на Воден.

На средбата, на која учествуваше и Проф. Др. Ангела Крстаноска-Василеска како претставник на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, беше речено дека успешно се реализира заедничкиот проект „ Ватернет“, што е одлична основа за нови заеднички апликации пред европските фондови , пред се од областа на туризмот.

sredba_voden_4001