Охридската полиција со честитка за Божик

По повод големиот Христијански празник Рождество Христово Божиќ, до сите православни верници од СВР Охрид упатуват искрени честитки за среќно и долговечно празнување на Христовото раѓање.

„Искрено посакуваме, Божиќ да ја означи радоста на новиот животен почеток исполнет со чиста мисла и благороден дух а големата празнична радост да донесе здравје, среќа, љубов, мир во Вашите семејства и почит кон нашите сограѓани.

Веруваме, дека сo единство и заедничка верба во поубава иднина, ќе градиме стабилна и безбедна држава, целосно почитувајќи ги основните човекови права и слободи и вистинските вредности во општеството.

За многу години, Христос се роди. “– стои во честитката.