„ТАВ Македонија“ најави значаен развој и нови летови на аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид, во текот на 2016 година.
Еден од најголемите туристички оператори „Томас Кук“ за престојното лето ќе почне да организира чартер-летови до Охрид. Новина за охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле” се и најавените чартер-летови од Израел, кои заедно со традиционалните летови од Холандија, Белгија, Швајцарија и Австрија ќе придонесат за поголем прилив на туристи.
Од компанијата оценуваат дека 2015 година била успешна во поглед на бројките за сообраќај за охридскиот аеродром, но и за скопскиот.
„Забележавме значаен пораст на сообраќајот на двата аеродроми, бројки кои се многу повисоки од европскиот просек. Бројот на патници порасна за повеќе од 20 отсто на годишно ниво и има најголем пораст споредено со сите 14 аеродроми со кои ТАВ холдингот оперира“ – додават од „ТАВ Македонија“.
Извор: meta.mk