Во текот на вчерашниот ден издадени 715 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 09.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 715 странски државјани, од кои 307 се од машки пол, 166 се од женски, 234 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште осум деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–318,Сирија-304 и Ирак-93.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 09.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 17.882 странски државјани, од кои 7.462 се од машки пол, 3.789 се од женски, 6.556 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 75 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-7.584, Авганистан-6.566 и Ирак-3.732.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 09.01.2016 година, до Секторот за азил поднесени се три барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на четири малолетни лица од Авганистан.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 09.01.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.