Едно лице повредено во сообраќајка на патот Струга-Дебар

На 13.01.2016 година во 13.40 часот на патот Струга – Дебар се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Фолксваген Пасат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.А.(64) од с.Корошишта, струшко, и ПМВ„Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Д. (43) од с.Октиси.

Во незгодата со ТТП се здобила сопатничката во ПМВ „Голф“ Р.М. (1953) од с.Октиси, која е пренесена во болницата Св.Еразмо-Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Струга.