Вчера издадeни 1.600 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 13.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 1.600 странски државјани, од кои 692 се од машки пол, 361 се од женски, 542 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и пет деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-929, Авганистан–432 и Ирак-239.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 13.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 24.118 странски државјани, од кои 10.197 се од машки пол, 5.163 се од женски, 8.671 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 87 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-10.841, Авганистан-8.678 и Ирак-4.596.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 13.01.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 13.01.2016 година, до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.