Заврши уште една успешна полнолетна 18 та по ред приказна на Курајчкиот карневал на кој можеа да се видат интересни маски и дружење.
Меѓу најинтересните кои оставија впечаток од детските маски , „Курајчки маж“ го освои третото место, „Војо дојде –врзете ги загарите“ второ место и „Курајчки изум“ го освои првото место.
Од возрасните „Курајчкиот функционер“ доби четврто место, исмејувањето на звезде гранда остави посебен впечаток кај публиката маската „Звезде гранда –Курајчка пебачица“ го освои трето место, маската „Зошто во Прилеп мајмун не игра“ гостите од Прилеп го освоија второто место, додека на маската „Бифето кај Боро Ванчев“, која не врати во минатото, како во тоа време бил животот поинаков од сегашниот им припадна првото место.
По прогласувањето следеше богат огномет по што забавата на курајчкото сретсело траеше до 2 часот по полноќ.