Успешно учество на основци од „Кочо Рацин“ во интернет проект

Учениците од трето 2 одделение од ОУ „Кочо Рацин“ добија сертификати за учество во интернет проект „Po-russki – pravil’no!“.

Проектот е во организација на Центарот за телекомуникации и информатички систем на образование од Рославска област Русија.

На истиот, кој се реализира во периодот ноември- декември 2015 година, учествуваа повеќе од 1500 учесници од осум земји во светот.

Со творечки творби, во проектот учестуваа Анабела Стефаноска, Андреј Јованчев, Наталија Димовска, Мартин Ристевски, Стефанија Алачкоска, Филип Ставрески и Тео Николоски под раководство на наставничката Виолета Петковска.

This slideshow requires JavaScript.