Заев: Обврска на сите е слободната волја на граѓаните да биде гарантирна

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во изјава за медиумите истакна:

„Сите пресметки ќе се направат, како што гледате условена е оставката на премиерот. И самиот е свесен дека не се стигнува со роковите за Избирачкиот список, нешто што секако беше важно уште пред „бомбите“, нешто што е императив. Делот за избирачкиот список, медиумите се лесно мерливи величини.

Денеска се разглобуват сите овие детали и имаме обврска сите партиципиенти во овој процес чесно да пристапиме пред граѓаните, гарантирајќи им слободна изразена волја. Опозицијата е најважниот фактор кој треба да обезбеди слободна волја на изборот на граѓаните и секако исполнети услови за кристално чисти предизборни и изборни активности.“- изјави Заев.

Одговори на новинарски прашања:

Медиуми: Каква беше реакцијата на Хан на вашиот ваков став?

Заев: Ги разгледуваат со соодветните институции, и меѓународните организации што имаат искуство, што значи „greater media freedom“ или минимум медиумски слободи, медиумите да бидат со рамноправен третман за власта и опозицијата, со рамномерно претставување. Се разгледува што значат сите проверки на фотографиите на базите од податоци, теренската проверка, тоа се пресметливи величини. Така да согласно тоа ќе се направат сите калкулации. Да не прејудицираме денеска беше билатералката само со нас, сега продолжува со другите политички партии, поручек од прилика ќе ги знаеме заклучоците на кои ќе продолжиме да разговараме.