АМСМ: Снег во западните делови, да не се патува без особена потреба

АМСМ препорачува дека поради обилни снежни врнежи без особена потреба да не се патува во западниот дел, задолжително носење на зимска опрема, исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Според информации добиени од УХМР денес се очекува да има заладување и поинтензивни врнежи, кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег. До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, освен во крајниот југоисточен дел. На планините во западните делови се очекува повеќе од 50 см нов снег, а на повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 см.

Забрана за тешки товарни возила се воведува на патните правци крак Маврово – Дебар, крак Стража – Кичево и Тетово – Попова Шапка. Забрана за тешки товарни возила се воведува превентивно и на планинскиот превој Пресека, за останатите возила задолжителна употреба на зимска опрема.

Забрана за автобуси е воведена на патниот правец Тетово – Попова Шапка, за останатите возила задолжителна употреба на зимска опрема.