Раст на прометот на индустријата на домашниот и на странскиот пазар

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, изнесува 110.9.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во ноември 2015, во однос на ноември 2014 година,
бележи пораст од 4.2%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 12.7%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, бележи пораст од 13.5%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10.9%.

Според главните индустриски групи, прометот во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.3%, Капитални производи за 26.8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7.8%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 98.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9%.

Индексот на прометот во индустријата во ноември 2015 година, во однос на октомври 2015 година, изнесува
95.9, додека во периодот јануари-ноември 2015 година, во однос на периодот јануари-ноември 2014 година, изнесува 109.2.