Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 17.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 729 странски државјани, од кои 327 се од машки пол, 138 се од женски, 263 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и едно деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-360, Авганистан–319 и Ирак-50.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 17.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 31.629 странски државјани, од кои 13.351 се од машки пол, 6.790 се од женски, 11.387 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-15.212, Авганистан-10.518 и Ирак-5.896.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 17.01.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 17.01.2016 година, до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 17.01.2016 година евидентирани се вкупно 11 баратели на азил од кои осум мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, девет баратели на азил ( еден маж, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и четири малолетни лица без придружба на старател ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.