Семинар во ОУ „Григор Прличев“ „Откривање и работа со талентирани и надарени ученици“

Во ОУ „Григор Прличев“ се одржа семинар на тема „Откривање и работа со талентирани и надарени ученици“.

Семинарот беше организиран во соработка на училиштето и проф. д-р Љупчо Кеверески. Наставниците се запознаа со нови начини за откривање и работа со талентираните и надарените ученици, преку предавањата на проф. д-р Љупчо Кеверески, проф. д-р Методија Стојаноски и м-р Весна Стијаноска.

„Предавањата побудија интерес кај наставниците, а стекнатите знаења ќе бидат интегрирани во секојдневното работење со талентираните и надарените ученици во нашето училиште.“- велат од ОУ„Григор Прличев“.

OUGrigorPrlicevSeminar2 OUGrigorPrlicevSeminar3