Средби на Попоски на состанокот на Советот за надворешни работи

Денеска во Брисел, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски оствари средба со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коцијас.

За време на средбата се разговараше за надминување на долгогодишната блокада и почеток на преговори за членство на Република Македонија во ЕУ, отстранување на препреките на тој пат, вклучително и позитивните ефекти што тоа би ги имало врз напорите за надминување на наметнатиот спор за името.

На средбата со МНР на Словенија, Карл Ерјавец беше разговарано за предизвиците за справувањето со мигрантската криза, како и за поддршката на Словенија за почеток на преговорите.