Продолжува проектот за меѓуетничка интеграција во образованието

Претставници на американската агенција УСАИД, Локалната самоуправа и членови на Советот на општина Охрид, на денешната средба разговараа за реализирањето на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. Беше оценето дека во општина Охрид, проектот успешно се спроведува и дека и натаму продолжуваат активностите за меѓуетничка интеграција во образованието.

На средбата се разговараше за реализирање на акциониот план и деталните акциони планови во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, редовната комуникација со тимовите, состаноци со координаторите и внесување на промените во годишните програми за работа во училиштата кои се вклучени во проектот.

USAID_megjuetnicka_integracija_4852