Тричковски позајмен во АЕК Ларнака

Иван Тричковски повторно се врати на Кипар, но овој пат во тимот на АЕК Ларнака. Тој е член на полскиот клуб Легија Варшава, а во АЕК ќе настапува како позајмен играч до крајот на оваа сезона.

Пред само два дена, АЕК Ларнака потпиша договор со уште еден наш интернационалец, дефанзивецот Даниел Мојсов.

АЕК Ларнака се наоѓа на врвот на табелата од Првата дивизија во Кипар со 45 бодови пред Анортозис со 42 и АПОЕЛ со 41 бод.

WebOhrid