На 10 цариници доделени пофалници од генералниот секретар на СЦО

По повод 26 јануари – Меѓународниот ден на Царината кој годинава се одбележува под мотото Дигитална Царина: Прогресивен ангажман со цел да се истакне развојот на царинските служби на полето на информациско-комуникациските технологии и да се стави акцент на иновациите кои се застапени во доменот на царинското работење, како дел од глобалниот информатички развој, денес (26.01.2016 година) директорката на Царинската управа Радеска Крстевска на десет царински службеници им додели пофалници од Генералниот секретар на Светската царинска организација, Кунио Микурија за нивниот исклучителен ангажман на полето на имплементацијата на ИТ системи чија употреба е смерница кон прогресивен напредок и придонесуваат за поголема ефективност и ефикасност во работењето и олеснување на трговијата и транспортот и современа размена на информации.

Пофалници им беа доделени на:

-Драган Јолевски, помошник директор на Сектор за информатичко комуникациска технологија

-Ѓорги Наумовски, помошник директор на Сектор за акцизи.

-Дејан Рајчановски, началник на Оддление за меѓународна соработка, проекти и европска интеграција,

-Јане Саздов, началник на Одделение за апликациска подршка,

-Зорица Ашиковска, началник на Одделение за техничка подршка,

-Зоран Блажевски, началник на Одделение за развој,

-Бобан Станковски, началник на одделение дежурен центар

-Јовица Кипријановски, шеф на Служба за гранични и транзитни формалности

-Ана Аризановиќ, шеф на Служба за ИТ сигурност

-Бране Петрушевски, самостоен советник администратор на апликации

Покрај ова, за посебна соработка на полето на имплементацијата на ИТ системите, континуирана соработка и електронско прибирање, размена и заштита на податоци поврзани со царинското работење, Царинската управа одлучи да им додели пофалници од Генералниот секретар на СЦО и на 10 институции кои официјално ќе им бидат доделени на 14 Април – Денот на Царинската управа.

ПОРАКА НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА СВЕТСКАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА

ФОТОГАЛЕРИЈА