Во ноември минатата година потрошени 682.684 МWh електрична енергија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2015 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 682 684 МWh електрична енергија, 15.332 мил. нм3
природен гас, 481 014 тони јаглен и 88 206 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 66.2 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95.1% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.