Јавен повик за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште”

ЈАВЕН ПОВИК

Министерството за образование и наука распишува јавен повик за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште”

I. УСЛОВ ЗА УЧЕСТВО

На повикот може да аплицираат сите основни и средни училишта на територијата на Република Македонија. Училиштата кои ќе аплицираат за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште” треба да се дел од „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ (ЕКО училиште) како и да имаат учествувано на најмалку три проекти или работилници кои опфаќаат некоја од следниве области: здрава и еколошка средина, безбедост, ненасилство, разрешување на конфликти и слични содржини.

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Училиштата кои ќе аплицираат треба да ги исполнуваат следните критериуми:
1. Одржување на зградата и здрава внатрешна средина:
– санитарно-технички, еколошки услови
– санитарно-хигиенски, еколошки услови
2. Уреден и еколошки двор:
– уреден и функционален двор кој е во согласност со потребите за заштита на животната средина
3. Безбедни/сигурни услови за престој и работа во училиштето:
– организација на физичка безбедност
– превенција и заштита од природни и елементарни непогоди
– безбедност во лабараторија/кабинет/работилница при реализирање на практична настава.

При аплицирањето секое училиште треба да ја пополни апликацијата, која што може да ја превземете на следниот ЛИНК. Училиштето во прилог на апликацијата треба да достави и соодветни докази по однос на податоците внесени во апликацијата (фотографии, сертификати, признанија, пофалници и слично).

Пополнетата апликација заедно со доказите (за секој критериум може да се приложат најмногу до три докази) се доставува во затворено плико со следнава назнака: „Најбезбедно и најчисто училиште”. Апликациите потребно е, најдоцна до 31.03.2016 година да се достават до Министерството за образование и наука на следната адреса: ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.54 , 1000 Скопје.

III. НАЧИН НА ИЗБОР

За избор на „Најбезбедно и најчисто училиште”, Министерството за образование и наука ќе формира комисија.
По доставените апликации комисијата ќе изврши увид во самите училишта со цел на потврдување на доставените докази во прилог на апликацијата.

IV ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ

Министерството за образование и наука ќе додели признанија за три основни училишта и три средни училишта како најбезбедни и најчисти училишта.
Министерството за образование и наука избраните училишта за најбезбедни и најчисти ќе ги објави на својата веб страница.