Реновирано основното училиште „Мурат Лабуништа“ во Лабуништа

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, министерот за економија Беким Незири, министерот за локална самоуправа Лирим Шабани и пратеници од регионот, денеска го посетија основното училиште „Мурат Лабуништа“ во с. Лабуништа, општина Струга, каде што во тек е реконструкција на старите и дотраени прозорци.

„Инвестицијата е на Министерството за образование и наука во висина од 100.000 евра и со неа се врши замена на старите и дотраени прозорци. Се надевам дека оваа инвестиција ќе ги подобри условите и квалитетот на образованието во училиштето, а истовремено ќе придонесе за намалување на трошоците за греење“, изјави министерот Адеми, додавајќи дека ова не е единствената инвестиција за ова населено место, затоа што за неколку дена ќе започне и изградбата на спортската сала, инвестиција вредна околу 41 милион денари.

За општина Струга, потенцираше Адеми, ова не е последна инвестицијата, затоа што годинава почнува проектот за инсталирање на центрлано греење во основното училиште Ашим Буши во село Јаргулишта.

„Се надевам дека нема тука застанеме и дека ќе продолжиме со продолжиме со инвестиции за подобрување на условите во училиштата во општина Струга“, истакна Адеми.