Во текот на вчерашниот ден издадeни само две потврди на државјани на Авганистан

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 31.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно двајца странски државјани, од кои еден од машки и еден од женски пол на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството двајцата странски државјани на кои им се издадени потврди, се државјаните на Авганистан.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 31.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 53.436 странски државјани, од кои 22.128 се од машки пол, 11.527 се од женски и 19.679 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 102 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-26.490, Авганистан-16.896 и Ирак-10.047.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 31.01.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 31.01.2016 година, до Секторот за азил поднесени се шест барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и две од Сирија.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 31.01.2016 година евидентирани се вкупно 22 баратели на азил од кои 13 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.