Стојановска прогласена за спортист на неделата на Универзитетот во Бафало

Тања Стојановска од Охрид забележа 4 победи на сите мечеви кои ги играше нејзиниот Универзитет против 4 универзитети (St. Francis, Quinnipiac, Connecticut и Bryant) последниве 2 недели, настапувајќи на првата позиција.

Тоа придонесе нејзиниот Универзитет да победи на сите мечеви, а Тања да биде прогласена за СПОРТИСТ НА НЕДЕЛАТА на Универзитетот во Бафало, веќе трет пат последнава година.

Стојановска е студентка на Медицинскиот факултет и стипендист на Универзитетот во Бафало, кој е најголем државен универзитет во државата Њујорк.