Светски ден на водните живеалишта

Светскиот ден на мочуриштата се одбележува секоја година на 2 февруари, односно се одбележува денот на донесувањето на Конвенцијата за водни живеалишта на 2 февруари 1971 година, во иранскиот град Рамсар, на брегот на Каспиското Море.

Секоја година од 1997 година, Рамсарскиот Секретаријат обезбедува материјали за да се помогне да се подигне јавната свест за значењето и вредноста на водните живеалишта.

Темата за оваа година е: Водните живеалишта за нашата иднина – одржлива егзистенција!

Од мочуриштата зависи егзистенцијата од риболов, ориз, патувања, туризам и обезбедување на вода. Мочуришта се од витално значење за нас и од повеќе други аспекти. Тие кријат разновидни форми на живот, ги штитат нашите крајбрежја, претставуваат природен сунѓер против поплави, а го задржуваат јаглеродниот диоксид за регулирање на климатските промени.

За жал, мочуриштата, често се гледаат како пустелија, и повеќе од 64% од нашите мочуришта се исчезнати од 1900 година.

WebOhrid