Делегација на Општина Охрид во посета на Нови САД

Во рамките на одбележувањето на 1 февруари- Денот на Нови Сад, делегација на општина Охрид престојува во овој пријателски град. Делегацијата што ја сочинуваат заменикот градоначалник Ангел Јанев, советникот Климент Шешоски и директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Розе Костеска имаа повеќе средби со домаќините на кои се разговараше за продлабочување на соработката.

За охридската делегација беа организирани и посебни средби со туроператори од Нови Сад на кои се разговараше за привлекување на туристи од ова подрачје и со претставници од детските градинки на кои се договорени заеднички проекти.

Delegacija_poseta_NoviSad_4851