Потпретседателот на СДСМ помеѓу жителите на Дебрца

Потпретседателот на СДСМ и дополнителен министер за имформатичко општество и администрација Александар Кирацовски денеска беше помеѓу жителите од населените места Лешани, Белчишта и Мешеишта, општина Дебарца.

На средбите се разговараше за секојдневните проблеми на граѓаните и решенијата што ги нуди Програмата на СДСМ.

„Оваа власт не заборави нас. Одвај преживуваме, а нашите млади, синови, ќерки, внуци, ги пакуваат куферите и си одат“, се пожалија жителите.

„Имаме тим, имаме решенија за младите да ги задржиме дома во своите огништа, да им обезбедиме достоинствени работни места. СДСМ ќе субвенционира млади претприемачи преку проектот 16 бизнис – инкубатори со којшто ќе се создадат релани и одржливи работни места за младите“, рече Кирацовски.

Во делот на земјоделието, СДСМ ќе ги зголеми субвенциите за 160 милиони евра и тие ќе бидат навремени, наменски и ќе завршат кај вистинските земјоделци, рече Кирацовски.

Кирацовски уште еднаш го потенцираше ставот на СДСМ дека нема да дозволи уште едни криминални избори. Во Македонија ќе има слободни, фер и демократски избори.

„Со вакви услови, посебно во медиумската сфера нема никаков простор за фер и регуларни избори. Никола Груевски потроши 20 милиони евра народни пари за лажната пропаганда на медиумите. Со овие 20 милиони евра можеа да се отворат 80 модерни здраствени установи ширум Македонија и да се обезбеди навремена и достапна здравствена заштита“, рече Кирацовски.

Повеќе од јасно зошто Груевски бега од медиумските реформи и нивната регулација. Груевски се плаши од помислата за слободни медиуми, бидејќи нема да може да ги диригира прилозите на вестите и граѓаните ќе ја слушнат реалноста, рече Кирацовски.