Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за изработка на 6 идејни решенија за изградба на објекти со намена за индивидуално домување (типски куќи).
Јавен повик за изработка идејни решенија на 6 нови типски куќи Според јавниот повик, се предвидува идејните решенија за типските куќи да бидат со големина од 50м2, 70м2, 90м2, 110м2, 130м2 и 200м2. Јавниот повик трае до 16 март 2016 година.
Откако ќе се изберат идејните решенија ќе се пристапи кон изработка на проекти кои ќе се објават на веб страната на Министерството за транспорт и врски од каде ќе може бесплатно да се превземат. Со оваа мерка Министерството за транспорт и врски преку обезбедување на бесплатен проект за типски куќи, овозможува субвенционирање од 900 до 2500 евра за изградба на куќа. Многу е важно што преку оваа мерка се намалуваат и роковите за вадење на одобрение за градење, информираат од Министерството.
Претходно Министерството за транспорт и врски изработи готови проекти за индивидуални куќи за домување (типски куќи) со големина од 60 м2, 80м2, 100м2, 120м2, 150м2 и 180м2.
Сите граѓани кои се заинтересирани за готови проекти за типски куќи за индивидуално домување, имаат можност да ги превземат од веб страната на Министерството за транспорт и врски или да ги подигнат директно од просториите на Министерството.