Проектот „За децата појасно да го гледаат светот“ ќе се реализира во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ за сите деца од 3-6 годишна возраст.
Во проектот опфатени се осум градинки од Република Македонија, чија цел е превенција и рано откривање на оштетувањата на видот кај децата од предучилишна возраст.
„Прегледите ќе се реализираат со соодветен план и распоред. Во нашата установа ова е втора фаза од реализирањето на проектот „За децата појасно да го гледаат светот.
Во првата фаза на 19.05.2015 година, беше реализирано предавање за родителите, децата и вработените од страна на офталмолози со истата цел, да се обрати внимание кон рано откривање и превенција на оштетувањето на видот кај малите деца.“- велат од охридската градинка.
Проектот го реализира Дистрикт на Лајонс клубовите на Р. Македонија, ЛЦИФ, со подршка на УСАИД, а со одобрение од МТСП и Локалната самоуправа на Општина Охрид.