Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 11.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 2.540 странски државјани, од кои 883 од машки и 566 од женски пол, како и на 1.085 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и шест деца кои патувале без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 1.357 државјани на Сирија, потоа на 744 државјани на Авганистан и на 439 државјани на Ирак.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 11.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 77.230 странски државјани, од кои 31.031 се од машки пол, 16.743 се од женски и 29.305 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 151 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-37.360, Авганистан-24.309 и Ирак-15.558.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 11.02.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 11.02.2016 година, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 11.02.2016 година евидентирани се вкупно 13 баратели на азил од кои десет мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж , една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
и социјална политика.