Утре прекин на водоснабдувањето на неколку улици во градот

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека утре поради изведба на водоводна линија ќе има прекин на водоснабдувањето на ул. „Јане Сандански“ од семафорите кај Охридската гимназија до кружниот тек кај Општата болница, „Сирма Војвода,“ „Карпош Војвода“, „Мирче Ацев“, „Ванчо Питошески“, „Галичица“, „Никола Карев“, „8-ми Септември“ и „Лазо Трпоски“ во период од 08.30 до 15.00 часот.