Непознат сторител пукал во куќа во Велешта

Вчера во 08.15 часот во ПС-Струга Д.Б. (54) од с. Велешта, струшко, телефонски пријавил дека непознат сторител истиот ден околу 03.30 часот, од патничко возило во движење испукал неколку проектили од огнено оружје во правец на неговата куќа.

На местото на настанот подигнати се траги и доказен материјал предадени на вештачење. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.