Стипендии за студирање во Азербејџан

Хазар Универзитетот во Баку, Азербејџан, за академската 2016/2017 година доделува 2 целосни стипендии наменети за странски студенти, за додипломски, односно постдипломски студии на некоја по понудените студиски програми кои се изведуваат на англиски јазик.

Сите подетални информации за критериумите, условите, студиските програми и потребните документи за аплицирање, можат да се обезбедат на интернет страницата на универзитетот – www.khazar.org.

Аплицирањето се врши со директно доставување на документите наведени во конкурсот до Канцеларијата за меѓународни прашања на Универзитетот или електронски на international@khazar.org. Крајниот рок за аплицирање е 15.4.2016 година.